Свет
2. April 2016 - 20:00

Утре првите три лета од бриселскиот аеродром

Брисел, 2 април 2016 (МИА) - Извршниот директор на брислескиот аеродром Арно Феист изјави дека е планирано утре од тој аеродром да бидат направени одреден број летови.

Феист наведува дека утрешните летови од бриселскиот аеродром, први по бомбашкиот напад на 22 март, ќе бидат извршени од водечкиот белгиски авиопревозник „Браселс ерлајнс“ и тоа за Фаро во Португалија, Торино и Атина.

Во терористичкиот напад загинаа 16 лица на аеродромот и 16 во нападот на метро-станицата, како и тројцата бомбаши-самоубијци.