Македонија
1. February 2016 - 11:38

Утре пролет, а од среда нов температурен шок

Температурите на почетокот од неделата ќе бидат над просечните вредности, поготово утре, кога температурите ќе достигнат до 22 степени, наведуваат од метеролозите.

Но, во среда не очекува нов температурен шок, времето тогаш ќе биде многу студено и на повисоките места ќе има врнежи од снег.

Лекарите наведуваат дека скокот на температурите можат да влијаат на личностите со слаба циркулација, кои имале инфаркт, како и оние со висок крвен притисок, додека студеното време, како што објаснуваат тие не им одговара на луѓе кои се болни од срце.