Македонија
26. April 2016 - 11:19

Утре прекин на патниот правец Кичево-Охрид кај Пресека

Патниот правец Кичево-Охрид кај Пресека утре од 13 до 15 часот ќе биде во прекин во времетраење од 15 до 20 минути.

Како што информираат од ЈП Македонијапат, затворањето на патот ќе биде поради минирање на тој дел од делницата. 

Прекинот на сообраќај првично беше најавен за денеска, но е откажан.