-->
-->
Утре повторно прекин во поголемиот дел од јавниот транспорт во Атина
-->

Вработените во Атинското метро, електричната железница и трамваите утре ќе одржат 24-часовен штрајк, во рамките на активностите против владините планови за приватизација.
За утре претпладне е закажан и митинг пред Агенцијата за приватизација Таипед, со барање Владата да се откаже од плановите за продажба на приватни инвеститори на националната железничка мрежа и нејзината филијала за одржување.
„Урбаниот транспорт е следната активност која е закажана за предавање на незаситните, профитерски приватни интереси, без оглед на драматичните последици од ваквиот избор врз грчкиот народ. Овие деструктивни планови нема да поминат. Работниците во јавниот транспорт ќе се спротивстават“, соопшти Синдикатот на железничарите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење
-

Тема на денот со Билјана Муратовска, генерален секретар на Макам-транс
-

Преглед на вестите од светот
-

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење
-

Втор смртен случај од западнонилска треска во Македонија - расте бројот на новозаболени, повеќето се од Драчево
-

Македонија вчера го имаше најтешкиот ден годинава во борбата со пожарите
-

Голем пожар во туристички места во регионот
-

Македонците кои летуваа во Сивири чекаат безбедно да се вратат дома
