Утре посебен режим на сообраќај во Скопје

Во Скопје утре од 13 часот ќе биде воведен посебен режим на сообраќај поради најавен протестен марш, што ќе започне од паркот во Чаир.
– Утре со почеток во 13 часот е најавен протестен марш, кој ќе започне од паркот во Чаир, продолжува право по улицата „Христијан Тодоровски Карпош“, право по улицата „Цветан Димов“, десно по булеварот „Гоце Делчев“, лево по улицата „Филип Втори“, десно по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на Република Северна Македонија, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Од МВР наведуваадт дека од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај во наведениот период ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците по кои ќе се одвива настанот.
Ново на Сител
-

Рекордна наплата на македонските патарини - 67,6 милиони евра за една година
-

Ѓорѓиевски најави катна гаража на Клинички
-

Традиционално првојануарско оро во Дебар Маало
-

40 загинати и над 100 повредени во пожар за време на новогодишна прослава во Швајцарија
-

Бурна ноќ за полицијата и лекарите: Убиство, пресметки и тешки повреди од пиротехника
-

30 лица на Токсикологија
-

Првото бебе во новата година е девојче – 2026 ќе биде плодна и бериќетна
-

Среќна Нова 2026 година
