Македонија
4. December 2018 - 16:21

Утре почнува јавната расправа за нацрт уставните амандмани

Од утре почнува јавната дебата за четирите нацрт-амандмани на Уставот согласно Договорот од  Преспа. Во пет работни дена сите засегнати страни ќе треба да ги дадат своите мислења и забелешки за текстот на нацрт-амандманите. Организатор на првата дебата ќе биде Владата.

Влада Ќе учестуваат сите  засегнати страни граѓански организации, универзитети, МАНУ, Асоцијации ќе има во повеќе градови и институции ќе бидат отворени за јавност и транспарентни. Утре е првата во Скопје, информираат од владата.

Според неофцијалните информации, освен во Скопје, се планираат дебати во Штип, Тетово, Битола и Охрид.

Јавната дебата следи откако пратениците за само три дена успејаа да ја поминат втората фаза од уставните измени. Потоа Владата ќе треба да изготви извештај со сите забелешки и мислења, по што треба да го изготви и текстот на предлог-амандманите.

Собранискиот спикер Талат Џафери во рок од 30 дена треба да закаже седница за финално носење на амандманите.  За да бидат донесени амандманите ќе е потребно дво-третинско мнозинство.

Во меѓувреме, Џафери утринава беше повикан во обвинителството за организиран криминал за да даде исказ за тоа како е избран за претседател на Собранието на 27 април. Се работи за кривична пријава на патриотско граѓанско здружение од Битола.

„Како и сите граѓани така и јас, Талат Џафери, се одзвав на поканата на обвинителство и ја извршив својата граѓанска обврска. .. не е мој опсег на размислување здружението“

Основното јавно обвинителство кон средината на ноември информираше  дека отворило истрага за начинот на кој е избран Џафери. Исказ треба да дадат и  други пратеници кои имаа дел од настанот.