Утре нова рунда од дијалогот Белград-Приштина
Во Брисел утре ќе продолжат разговорите во рамки на дијалогот меѓу Белград и Приштина, каде се очекува повторно главна тема да биде одлуката на Централната банка на Косово за забрана на употреба на динари во Косово.
Делегацијата од Белград, во која има бројни експерти, повторно ќе ја предводи директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, а од приштинската страна се очекува учество на нејзиниот главен преговарач Бесник Бисљими.
Портпаролот на Европската комисија, Петер Стано, потврди дека утре ќе се одржи средба на ниво на главните преговарачи на Белград и Приштина за прашањето за динарот и изјави дека средбата се планира да се одвива по вообичаениот формат на дијалог. Како што појасни, со двете страни ќе се одржат билатерални средби, прво со претставници на Белград, а потоа ќе се одржи трилатерална средба.
Ова е шеста рунда од дијалогот на кој треба да се разговара за едностраната одлука на Приштина да го укине динарскиот платен промет во Косово.
Претходно оваа недела, специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак изрази очекување дека претстојните разговори меѓу главните преговарачи на Белград и Приштина во Брисел ќе се засноваат на „многу конкретни идеи“, оценувајќи дека за време на претходната рунда од дијалогот се намалил јазот меѓу страните.
– Во исто време, некои разлики остануваат и затоа повторно ќе бидам домаќин на двајцата главни преговарачи во Брисел и очекувам нашите разговори да се засноваат на многу конкретни идеи, кои би ни овозможиле да продолжиме напред во интерес на народите, напиша Лајчак на Фејсбук.
Претходната средба на ниво на главни преговарачи се одржа на 18 април во Брисел, а Петковиќ тогаш изјави дека Белград направил апсолутно се за да се најде решение во врска со едностраната одлука на Приштина за укинување на српскиот динар и платниот промет на Србија на Косово, но дека Приштина не сака да најде решение.
– Излеговме со конструктивен предлог, а тој предлог беше оценет од Брисел, односно од господинот Лајчак и неговиот тим, како многу добра основа, односно солидна основа за продолжување на разговорите, со што уште еднаш покажавме дека сме страна која се грижи за изнаоѓање решение, истакна тогаш Петковиќ.
Од друга страна, главниот преговарач на Приштина, Бесник Бисљими, изјави дека средбата била „бескорисна“ и оти Белград дошол со сосема нов предлог, сакајќи, како што тврди, да ја врати ситуацијата на почетната точка.
Ново на Сител
-
Ограбена црква во Аеродром
-
55 годишник силувал 50 годишна жена во Кривопаланечко
-
Клековски: До крајoт на јануари очекувам да ги има сите лекови на Онкологија
-
Кривична пријава против 6 лица поради сомнение за помагање во врска со измама
-
Турските власти цел на критики поради недостиг на безбедносни мерки во планинскиот хотел
-
Трамп нареди вработените во службите за поттикнување на различностите да заминат на отсуство
-
Уапсен 23 годишник од Бангладеш кој водел група од 8 мигранти од Непал
-
Туск: Европа има еднакви права да зборува за својата величественост како и САД