Утре ниски температури од жолта фаза, МЗ со препораки до населението
Поради пониските температури кои се најавуваат за утре на целата територија на државата, Министерството за здравство им препорачува на граѓаните да носат повеќеслојна облека, соодветни обувки за снег и мраз и почеста консумација на топли напитоци.
Од Комисијата за превенција од штетни ефекти од студени бранови при Министерството препорачуваат и избегнување алкохол, бидејќи го зголемува ризикот од хипотермија, како и редовно земање на пропишаната терапија кај хронично болните, а во случај на потешкотии со дишењето, се препорачува граѓаните веднаш да се јават кај својот матичен лекар.
Исто така, се препорачува да се избегнува практикување физичка активност на отворено, а при движење особено да се внимава на лизгави површини.
-Комисијата при Министерството за здравство во континуитет ја следи состојбата низ целата држава и јавноста соодветно ќе биде информирана, се наведува во соопштението на Министерството.
Според Управата за хидрометеоролошки рабити, за утре се најавува жолта (алетрна фаза).
Времето во текот на утрешниот ден ќе биде претежно ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб северозападен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -18 до -7, а максималната ќе достигне од -3 до 5 степени.
Во Скопје утре ќе сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -12, а максималната ќе достигне до 2 степени.
Од УХРМ информираат дека до сабота ќе се задржи стабилно време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. По одделни котлини во претпладневните часови ќе има услови за појава на магла. Во сабота преку денот и во текот на ноќта кон недела времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд и снег во пониските и снег во повисоките места и на планините. Врнежите ќе бидат со послаб интензитет.
Ново на Сител
-
Прес-конференција на Коцевски
-
Филипче: Со ново задолжување од 6 милијарди евра јавниот долг ќе надмине 115% од БДП
-
Предлогот Трајко Славески да биде гувернер е во Собранието, ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи
-
СДСМ: Предлогот Трајко Славески да биде Гувернер значи погребување на последната независна институција
-
Каја Калас утре во Скопје, Мицкоски ќе ја пречека со веќе познатите ставови за уставни измени
-
Повеќе од 2000 претставки минатата година пристигнале на адреса на Народниот правобранител
-
Преглед на вестите од светот
-
Трајко Славески предлог на претседателката Сиљановска Давкова за нов гувернер на НБРМ