Утре краен рок за искористување на ваучерите за домашен туризам
Крајниот рок за искористување на ваучерите за туризам е 15 декември 2020 година, потсетува Министерството за економија.
Заклучно со денешниот ден, како што информираат, се искористени 61.648 ваучери за домашен туризам од вкупно доставени 100.336 ваучери на валидни е-маил адреси.
Платформата „Дома си е дома“ преку која се реализираше мерката ваучери за домашен туризам ќе биде затворена за реализација на оваа мерка на 15 декември, односно утре.
Гостите кои користат ваучер за домашен туризам ќе треба да бидат одјавени од сместувачките капацитети најдоцна до 15 декември 2020 година.
Хотелиерите кои имаат гости што користат ваучери за туризам ќе треба најдоцна до 18 декември 2020 година до Министерството за економија да достават фактури за плаќање, по што до крајот на годината ќе им бидат исплатени средствата од искористените ваучери.
– Со мерката ваучери за домашен туризам во вредност од шест илјади денари која е дел од Третиот сет мерки на Владата за справување со последиците предизвикани од пандемијата беа поделени 117.531 ваучер за домашен туризам на сите вработени граѓани кои во периодот од јануари до април 2020 година не оствариле вкупни нето приходи од плата и надоместоци од плата не поголеми од 60 илјади денари според податоците од Управата за јавни приходи, наведуваат од Министерството.
Ваучерите за туризам се користеа во домашните туристички објекти кои беа регистрирани на платформата „Дома си е дома“.
Ново на Сител
-
Запалена новогодишна елка пред ТЦ „Бисер“
-
Во Белград и денеска блокади и протести поради трагедијата во Нови Сад
-
Трипуновски: Историски 500 денари за килограм тутун за прва класа
-
Слаб снег на Плетвар, магла на патот Тетово - Попова Шапка
-
Тешко повредени двајца градежни работници од Скопско
-
Македонија против Полска во баражот за пласман на СП 2025
-
Јаневска: Секој граѓанин треба да ги знае и почитува државните симболи
-
Уште еден случај на опожарено возило - овој пат во Ѓорче Петров