Македонија
15. February 2024 - 16:43
Утре ќе нема јавен превоз во Скопје, вработените пак немаат земено плата
Утре автобусите на ЈСП нема да возат. Претседателот на синдикатот во изјава за Сител вели дека ниту еден од вработените нема земено плата, иако законскиот рок е веќе поминат.
Стојановски вината не ја лоцира кај советниците како претходно, туку прстот го впери во директорот на ЈСП и градоначалничката Арсовска.
Им се извини на патниците кои нема да може да ги користат услугите на јавниот превоз, но не кажа до кога ќе трае штрајкот.
-->
-->
