Македонија
6. December 2022 - 16:39

Утре избор на нов директор на Академијата за судии и јавни обвинители

Емилија Шопар-Јованова, Ненад Савески и Наташа Габер-Демјановска се тројцата кандидати во трка за директор на Академијата за судии и јавни обвинители.. Дали некој ќе ја добие поддршката да раководи со Академијата во следните четири години, утре ќе одлучува деветчелниот управен одбор.. Новиот директор се бира во време кога Академијата ја следат низа скандали – спорни номинации за членови на управниот одбор, но и слушатели за кои постои сомнеж за начинот на кој се стекнале со универзитетска диплома, отакако јавноста дозна дека синот на Собранискиот спикер полагал правосуден испит без завршени студии.. Доскорешниот директор на Академијата, Габер-Демјановска која бара уште еден мандат, вели ако застане на раководната позиција, ќе го продолжи континуитетот на обука за нови судии и обвинители.. Објаснува дека нема надлежност да истражува на кој начин кандидатите се стекнале со диплома..

Ненад Савески, кој во трката за прв човек на академијата доаѓа како судија од Кривичен и е дел од првата генерација на телото за кое претендира да го води, ветува подобрување на обуката на кандидатите, за како што појаснува, враќање на довербата и градење имиџ на европски судии и обвинители.. За спречување на ситуации како онаа со синот на Џафери, вели, неопходна е поголема внимателност од членовите на приемната комисија..

„Комисијата оценува дали се комплетни потребните докази за исполнување за прием во академијата. После ваквите појави доколку сега се утврдат за вистинити, таа проверка треба да е повнимателна со осврт на податоците во документацијата“, појаснува Савески..

Своите визии за Академијата не ги откри Шопар-Јованова.. Вели, сакала првин да помине изборот..

Во период од три месеца, Академијата по вторпат се обидува да избере директор.. На претходниот оглас ниту Габер-Демјановска, ниту Оља Ристова го добија потребниот број гласови за една од нив да раководи со институцијата..

Во меѓувреме Управниот одбор на академијата кој треба да го избере новиот директор, доби и нови членови, а дел од нив се во родниниски врски со кандидати на академијата.. Па така,  свекрва ќе треба да одлучува за својата снаа, а таква можност постоеше и за брачна двојка ако новоизбраниот обвинител Абази ја прифатеше кандидутарата за членство во управниот одбор на Академијата..