Утре е Велики Петок- ова никако не смеете да го направите!
Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на овој ден е пропишан најстрог пост.
На овој ден се одбележува страдањето на Исус Христос, неговото распнување на чесниот крст и неговата смрт за спас на светот. На овој ден христијаните се сеќаваат на настанот кога Исус бил навредуван, тепан и мачен додека масата викала: „распнете го, крвта негова на нас и на нашите деца“. На крајот Исус бил распнат на брдото Голота (што во превод значи „место на черепот) заедно со уште двајца разбојници.
Што се однесува до обичаите околу храната на овој ден, уште одамна е востановен строг пост на вода, односно консумирање на храна која не се пржи на масло. Затоа Велики петок според правилата не би требало да јадете посен грав, риба, пржен компир и слично. Поголемиот број христијани на овој јадат варен зеленчук или суров зеленчук и овошје.
Во некои манастири монасите не јадат ништо Велики петок се до заоѓањето на сонцето, а до ова правило се придржуваат и некои верници.
Ново на Сител
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори
-
ЕУ одблизу го следи изборниот процес, очекува идната Влада да биде посветена на европскиот пат
-
Растат трошоците за живот