Утре е Свети Ѓеоргиј - за да ги заштитите своите најблиски немојте да го правивте ова
Утре е голем празик, кој иако не е обележан со црвени букви правславните верници го чествуваат.
На овој ден се празнува преносот на моштите на Свети Георгиј од Никомидија во градот Лида Палестинска, каде што пострада во времето на царот Диоклецијан. Страдањето на овој прекрасен светител е опишано под 23 април.
Пред смртта Св. Георгиј го замоли својот слуга да го земе неговото мртво тело и да го пренесе во Палестина, од каде што беше родум и мајка му и каде што имаше голем имот, кој им го раздаде на сиромасите. Слугата така и направи. Во времето на царот Константин во Лида побожните христијани му изградија на Свети Георгиј прекрасен храм и при осветувањето на храмот во него ги пренесоа моштите на светителот и таму го закопаа. Од чудотворните мошти на Сввети великомаченик Георгиј се случија големи чуда.
На овој ден се вели дека ловците не смееат да ловат волци, зошто во спротивно ќе ги прати несреќа и малер во текот на целата година.
Исто така се вели дека не смее да се работат тешки и рачни работи, зошто според народните верувања секој кој ќе го направи ова, ќе го навлече гневот на Свети Ѓеоргиј и несреќа ќе го снајде неговото семејство или неговите најблиски.
Ново на Сител
-
Македонија и ЕУ потпишаа Договор за безбедносно и одбранбено партнерство
-
Три пријави во полиција за измами за пари
-
Велика Британија воведе санкции за руски официјални лица поради обвиненија за нелегална депортација на украински деца
-
Пешак загина во Штип откако во него удрило патничко возило
-
23-годишник со два ножа се шетал во Гази Баба
-
Николоски: Проектот “Купи куќа за млади” стартува од следната година
-
АТП ги објави тенисерите со најголема заработка во 2024 година
-
Клоп би можел да го замени Симеоне во Атлетико