Утре без струја и затворот Идризово
Без електрична енергија утре од 09:00 до 14:30 часот ќе останат корисниците од реонот Гази Баба во општина Гази Баба, а од 08:30 до 15:00 часот корисниците од ул.„Герника“ со подулиците на патот кон Тулана, подулиците 3, 5, 7, 9, 11 и 13 од ул. „Ратко Митровиќ“ и делот од Драчево кон с. Долно Лисиче пред пругата во општина Кисела Вода.
Од РЦУК Скопје информираат дека од 11:00 до 14:00 часот без струја ќе останат корисниците од ул. „Невена Георгиева – Дуња“ во општина Кисела Вода, а од 07:00 до 08:00 часот корисниците од дел од с. Јурумлери, Идризово, Дрма, Мралино, Кадино, ул. бр. 3 Кадино, Макпетрол - Идризово, КПД Затвор Идризово, фирмите Пивара, Мајами, Ана Компани, Здравко и Мак Лифт во општини Гази Баба и Илинден.
Утре од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од ул. „9-ти Мај“ и „Христо Смирненски“ во општина Центар, а од 10:00 до 14:00 часот корисниците од ул.„Ловќенска“, ул. „Загребска“ и ул. „Леринска“ во општина Карпош.
Во периодот од 08:00 до 10:30 часот без струја ќе останат корисниците од дел од ул. „Лисец“ пред пругите кај Хемтекс во општина Аеродром, од 09:00 до 11:30 часот корисниците од ул. „Михаил Чаков“ со бр. 100 и 102 во општина Кисела Вода, а од 08:30 до 13:00 часот корисниците од улиците „Афузлашина“, „Чаирска“ и „Бајрам Шабани“ во општина Чаир.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекините се поради технички зафати во електросистемот.
Ново на Сител
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Два активни пожари денеска - премиерот смета дека тие кај Скопје биле дел од организирана акција
-
Се зголемува бројот на обиди за ин витро оплодување на сметка на ФЗО
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Реновираниот „Музеј на вода“ повторно блеска
-
Преглед на вестите од светот
-
Арсовска доби 24ч полициско обезбедување, ОЈО побара притвор за напаѓачот
-
Мицкоски: Бугарија врши притисок како Русија врз Украина, не знам до кога Европа ќе има трпение