Утре без струја делови од Центар, Карпош и Бутел
Заради технички зафати во дистрибутивната електро-мрежа без електрична енергија утре ќе бидат делови од општините Бутел, Центар и Карпош.
Во периодот од 08:45 до 09:45 часот без струја ќе бидат корисниците од левата страна на Радишански пат, во општина Општина Бутел, од 08:30 до 14:30 часот, корисниците од ул. „Мирче Мацин“, „Мирче Ацев“ и бул.„Филип 2-ри Македонски“, објектите во близина на паркингот кај ГТЦ, пералната, угостителските објекти и домаќинствата од тој реон во општина Центар, а од 09:30 до 15:00 часот корисниците од дел од ул. „Скупи“ подулицата 3-а, дел од бул. „8-ми Септември“, во општина Карпош.
Прекин во снабдувањето со електрична енергија од 09:00 до 15:00 часот ќе имаат корисниците од дел на Горни Жданец во општина Карпош, а од 10:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од ул.„Козара“ и дел од ул. „Васил Ѓоргов“.
Ново на Сител
-
Манасиевски: Човек како Митовски не смее да биде градоначалник
-
Високите цени и потребата од нови мерки ќе се разгледуваат на ЕСС следната недела
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Бојан Трајковски, Асоцијација на специјализанти и млади лекари
-
Грета Тунберг на протест за Дошница
-
Преглед на вестите од светот
-
Цела недела топлотен бран – од утре мало разладување
-
Спречен обид за подметнување пожар на Водно, гори на шест локации во Македонија