Македонија
25. August 2015 - 20:43

Утре без струја дел од корисниците во централното градско подрачје

Центарот за управување со кризи информира дека утре без електрична енергија поради закажани технички зафати ќе останат дел од корисниците во централното градско подрачје.

Според најавите, од 08,30 – 09,30 часот без електрична енергија ќе останат дел од корисниците на ул. Македонија поточно Палата Македонија и сите стопански и нестопански објекти во нејзина близина општина Центар.