Усвоена предлог одлука за составот на анкетната комисија за прислушкувањето
Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата вечерва усвои Предлог одлука за избор на претседател, заменик претседател и членови на анкетната комисија за прислушкувањето, чие формирање е врз основа на Договорот од Пржино за надминување на политичката криза.
За претседател на анкетната комисија е предложен Петре Шилегов, а за заменик претседател Горан Мисовски. Членови на комисијата, според предлогот, треба да бидат Антонио Милошоски, Силвана Бонева, Крсто Мукоски, Павле Саздов, Димитар Стевананџија, Лилјана Затуроска, Магдалена Манаскова, Владанка Авировиќ, Томислав Тунтев, Васко Ковачевски, Талат Џафери, Ејуп Рустеми, Ернад Фејзула и Роза Топузова-Каревска.
Предлог одлуката на Комисијата за прашања на изборите и именувањата е на дневен ред на 78. собраниска седница закажана за утре во 12 часот.
Ново на Сител
-
Најстудено на Попова Шапка, најтопло во Демир Капија
-
МЗТ го доби вечното дерби против Работнички
-
Верстапен триумфираше на спринтерската трка во САД
-
Со цел да го прекине штрајкот, „Боинг“ понуди зголемување на платите за 35 отсто во текот на 4 години
-
Украина лансираше дронови врз Москва и врз западна Русија
-
Иран: Хезболах е одговорен за нападот со дрон врз резиденцијата на Нетанјаху
-
Во Молдавија се одржуваат претседателски избори и референдум за ЕУ
-
Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози