Македонија
30. May 2016 - 14:21

Усвоен Годишниот извештај за работата на Државната комисија за одлучување во втор степен

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците на денешната седница го разгледа Годишниот извештај за работата на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка за 2015 година и едногласно и без расправа одлучи да го усвои.

Како што информира претседателот на Комисијата Александар Софронијоски, во текот на 2015 година во Државната комисија се примени и оформени вкупно 1.104 предмети од кои постапила по 984 предмети, а во постапка на одлучување се 120 предмети. 

- Во 135 од предметите Државната комисија ја одбила жалбата, во 332 е отфрлена, во 67 ја запрела постапката, во 190 предмети административно е побарано дополнување на предметите со дополнителни списи и докази за да може да одлучува, а за три жалби ја запрела постапката, рече Софронијоски.

Прецизира дека од областа на трудот, социјалната политика, образованието и културата во 2015 година се оформени вкупно 96 предмети од кои Државната комисија постапила по 87. Од нив во 10 жалбата е уважена, во 31 ја одбила, во еден предмет ја отфрлила, а во два се запира постапката со заклучок. Од областа на транспортот и врски, животната средина и просторното планирање, локалната самоуправа и одбраната се пристигнати 538 предмети од кои постапила по 482 предмети. Во 116 од нив ја уважила жалбата, во 187 ја одбила, во 22 ја отфрлила, за 100 предмети е побарано административно доуредување на списи или докази, а во пет предмети ја запрела постапката. Во областа на земјоделството, храната и ветеринарството и здравството се пристигнати вкупно 20 предмети од кои во 19 Државвната комисија постапила. Од нив во три предмети ја уважила жалбата, во три ја одбила, во два се отфрла и во еден постапката е запрена со заклучок. 

- Во делот на прекршоците од 31 јули 2015 година до крајот на годината пристигнаа 365 предмети по жалби изјавени против одлуки за прекршок што се донесени од прекршочен орган. Од областа на трудот, социјалната политика и здравството примени се 166 предмети од кои во девет жалбата е одбиена, еден е отфрлена, а 145 се пратени на понатамошна надлежност за постапување на друг орган, рече Софронијски.

Истакна дека во областа на прекршоци во економијата и финасиите во 2015 година се примени вкупно 21 предмет од кои е постапувано во 15 предмети. Во два предмети жалбата е уважена, во осум отфрлена, а четири се пратени на понатамошно постапување кај надлежен орган. Жалби за прекршоци од областа на транспорт, врски, животна средина и просторно планирање и земјоделство во 2015 година се примени за 24 предмети од кои е постапувано во 21, во четири ја отфрлила жалбата, а 17 се  пратени на понатаможно постапување на надлежен орган. Од областа на внатрешните реботи има вкупно оформени 190 прекршочни предмети од кои е постапувано во 163 предмети од кои во четри е уважена жалбата, во 81 се одбива, во 28 се отфрла, а 22 се пуштени на понатамошно постапување на надлежен орган.

Од почетокот на годинава, потенцира Софронијоски, во Државната комисија се примени повеќе од 2.200 предмети по прекршочна постапа, а  до крајот на годинава се очекува нивниот број да биде повеќе од 5.000.

- За поефикасно да се решат тие предмети неопходно е Државната комисија кадровски да се доекипира за да нема заостанување на предметите, рече Софронијоски.