Усвоен Буџетот на Општина Куманово

Милијарда и 851 денар изнесува вкупниот Буџет на Општина Куманово, што советниците го изгласаа на маратонска седница, најдолга во историјата на општинскиот Совет, која почна вчера во 10:00 часот, а заврши во 2:30 часот по полноќ.
Раководителката на секторот за финансиски прашања Ирена Илиевска, соопшти дека 28 милиони денари е развојната програма, а вкупните капитални инвестиции се 200 милиони денари, вклучувајќи ги и развојните програми и програми на јавните претпријатија.
Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски вели дека буџетот е развоен и опфаќа реконструкции на улици, изградба на водоводна и фекална канализација во урбаната и руралната средина како и во приградските населби. Годинава, соопшти ќе се одвојат и средства за набавка на високо квалитетни садници и средства за преземање мерки за намалување на аерозагадувањето, како и повеќе средства за гасификација.
Координаторот на опозицијата во Советот, предводена од ВМРО ДПМНЕ, Драган Петковски, пак вели дека буџетот е далеку од развоен, што, според него, во текот на годината ќе го почувствуваат граѓаните. Зголемување има, вели само во плати и придонеси. Нивните амандмани за проекти од комунална област и намалување на аерозагадување не поминаа.
![]()
Во буџетот за 2020, Куманово предвидува средства за реконструкција на улици, изградба на водоводна, фекална, атмосферска мрежа, експропријација, пошумување и озеленување.
Вметанти се и донации со кои се предвидува реконструкција на поранешниот хотел „Солун“ и на Спомен Костурницата, изградба на водоводна мрежа иа санација на училиште. Предвидени се средства за социјална сфера, еднократна парична помош за социјално ранливи категории граѓани, за самохрани родители, и лица со инвалидитет.
Општинската каса ќе се полни, најмногу од даноци на имот, од комунални такси, легализација, продажба на државно земјиште, од ДДВ и други даноци кои го полнат буџетот. Буџетот на Куманово ќе биде доставен до Министерството за финансии, по што се очекува неговата реализација да почне во 2020 година.
Ново на Сител
-

Teма на денот со Стојанче Ангелов
-

Експертите сугерираат: Да не се кратат капиталните расходи, да се зголеми наплатата на приходи
-

Проф. Атанасовски: Тоа не се коски на цар Самуил, па глупост е дека тој се враќа во Бугарија, кога таму никогаш и не бил
-

МПЦ слави празник на сите македонски светители и 40 години јубилеј од Архиерејската служба на поглаварот г.г Стефан
-

„Розев пикник појадок“ за кревање на свеста за ракот на дојка
-

Постојаните осцилации на езерото негативни за живиот свет
-

165 шумски пожари годинава, штетите проценети на 10 милиони евра
-

Каранфилова Пановска: Бараме дополнителни 10 денари за килограм ориз
