Македонија
23. January 2021 - 19:56

Уставното име на државата ќе се користи како техничко решение за проблемите во Мешовитата комисија

Придавката “македонски” ќе се користи само во цитатите од записниците, во официјалните заклучоци од средбите, ќе се употребува уставното име на земјава.

Високи извори од македонскиот дел од Мешовитата историска комисија брифираат дека и покрај тоа што и двете страни генерално се држат до своите позиции, вчерашната средба покажала дека има желба за напредок. За македонската страна е прифатливо што во дискусиите придавката останува во употреба.

Договор има и за името на самата комисија. Нема да се употребува македонска или бугарска страна на комисијата, а терминологијата е усогласена според официјалниот назив на ова тело – Комисијата на Република Северна Македонија или Комисија на Република Бугарија.     

-Името, уставното име ќе се употребува онаму каде што станува збор за комисијата како тело на македонската држава, значи онаму каде што не е употребено во цитат на колегите, од македонските колеги каде ние најчесто ја нарекуваме македонска комисија ќе биде употребувано како комисија на Република Серверна Македонија во согласност со Преспанскиот договор, каде нели телата и органите формирани од страна на државата се именуваат како  тело на или од Република Северна Македонија или од Република Серверна Макеоднија, Меѓу тоа ќе повторам во нашите дискусии каде ние користиме македонска комисија, македонски дел од комисијата тоа ќе си остане на тој начин онака како што го кажал дискунтатот, рече Драги Ѓоргиев шеф на македонскиот тим од комисијата.

“Во таа смисла, постигнавме договор во согласност со меѓудржавната и меѓусебната пракса. Зборувам за, да речеме, учебници на Република Северна Македонија, а не за македонски учебници”, вели Наум Кајчев член на бугарскиот тим историчари. 

Она што и за двете страни сега претставува тема за договор е македонскиот јазик. Дискусијата за тоа како ќе се нарекува во официјалните заклучоци од средбите и натаму останува отворена, но најавите се дека во динина би се користел теминот официјален јазик на РСМ.

“Во врска со јазикот има јасна формулација која се применува во меѓусебните односи. Станува збор за официјален јазик, македонски јазик според Уставот на РСМ. И не очекувајте од Комисијата да врши некакви промени во однос на тоа. Нашата комисија не е ниту јазична, ниту пак политичка или дипломатска. Таа не се занимава со јазици, туку со историски и образовни прашања”, вели Кајчев. 

-Придавката македонски  кај колегите  од бугарска страна најмногу создава проблем при дефинирањето на македонскиот јазик, иако ние не дискутираме за македонскиот јазик, придавката таа синтагма македонски јазик повремено се јавува во дискусиите кога треба на пример да транскрибираме некој збор на македонски или на бугарски, и при тоа бугарските колеги инсистираат дека тоа е официјален јазик на Република Макеодонија, дека има посебен договор меѓу Македонија и Бугарија. Се разбира ние инсистираме на тоа дека тоа е македонски јазик, вели Ѓоргиев .

Решенијата по овие прашања, според двете страни, продолжуваат и во наредниот период. До одржувањето на средбата во полн формат која треба да биде одржана на 25 и 26 февруари, ќе бидат разменувани предлози и идеи по електронски пат, со цел надминување на проблемите во официјалната терминологија.