Македонија
21. јуни 2017 - 12:19

Уставниот суд расправа за Законот за електронски комуникации

Уставниот суд денеска расправа за уставноста и законитоста на членот 175 од Законот за електронски комуникации кој се однесува на обврските на телекомуникациските оператори за обезбедување технички услови за следење на комуникациите за органот кој е надлежен за тоа, односно Управата за безбедност и контраразузнавање. 

Оваа иницијатива веќе беше на дневен ред во март, но расправата по неа беше одложена поради обемноста на материјалот.

Судија известител за иницијтивата е судијката Вангелина Маркудова која предлага да биде поведена постапка.