Уставниот суд на Малави ги поништи резултатите од претседателските избори
„Сметаме дека Петер Мутарике не беше правилно избран на 21 мај 2019 година, па како последица на тоа ги поништуваме резултатите од претседателските избори“, оцени судот во пресудата изготвена на 500 страници.
Судот нареди и организирање нови претседателски избори во рок од пет месеци.
Судот заклучи дека луѓето вклучени во изборниот процес користеле коректор за да ги фалсификуваат гласовите, што не може да се оправда и претставува нерегуларност. Покрај тоа, судот забележа и некои други сериозни пропусти.
Оваа судска одлука може да доведе до немири во оваа сиромашна африканска држава, па затоа владата, опозицијата и меѓународната заедница се повикани на смирување на состојбата.
Метер Митарика е на власт од 2014 година, а минатата година повторно беше избран со 38, 57 отсто од гласовите, пред главниот соперник од опозицијата, Лазарус Чаквер, кој освои 35,41 отсто.
Ново на Сител
-
Голем пожар во Крива Паланка, пронајдено починато лице
-
Сиљановска-Давкова донесе одлука за ангажирање на армијата во справувањето со пожарите
-
Пожарот кај Николиќ трет ден е активен, огнот се шири со помош на силниот ветер
-
Црниот густ чад од Визбегово опасност по здравјето
-
Тема на денот со Димитар Николовски - Евротинк
-
На Прилеп му се потребни 260 литри вода во секунда, а се троши 420, потребно е штедење
-
Преглед на вестите од светот
-
Поради пожари затворен граничниот премин Блаце