Уставниот суд ќе одлучува дали ќе отвори постапка за одлуката за распуштање на Собранието

По завршувањето на денешната седница на Уставниот суд на Република Македонија, судиите на работен состанок ќе расправаат по предлогот на судијата Осман Кадриу за поведување постапка по службена должност за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за распуштање на Собранието.
Претседателот на Уставниот суд Сали Мурати во интервју рече дека по однос на Одлуката за распуштање на Собранието („Службен весник на Република Македонија“ бр. 43/2020), во моментот нема оформен предмет за оценување нејзина уставност и законитост, но понатамошното постапување на Судот по ова прашање ќе зависи од ставот што ќе го заземат уставните судии на работниот состанок.
Судот, претходно во предметот У.бр.40/2020, на седницата одржана на 8 и 15 април 2020 година, со мнозинство гласови одлучи да не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на оваа одлука. Но, минатиот четврток (30 април), од страна на судијата Осман Кадриу е доставен предлог за поведување постапка по службена должност за оценување на уставноста и законитоста на истата одлука, поради што е закажан работен состанок на судиите.
Ако судиите одлучат да се поведе постапка по службена должност, ќе биде оформен посебен предмет кој ќе биде доделен во работа на судија-известител и државен советник, кои по завршувањето на претходната постапка, треба да достават работен материјал за седница (реферат) со содржан предлог за одлучување што ќе биде разгледан на седница на Судот.
Секако, истакнува претседателот на Уставниот суд, тоа е хипотетички не значи однапред прејудицирање на таква одлука, која треба да биде донесена по претходна расправа за ова прашање.
Пред уставните судии денеска треба да се најде и одлуката на шефот на државата Стево Пендаровски за прогласување вонредна состојба.
Ново на Сител
-

„Секоја капка за Преспа” со проф. Петре Ламески, декан на ФИНКИ | Неформално | Sitel Podcast 146
-

Ангелов: Проблемот со водата во Гостивар е поради пропусти на локалната власт што траеле со години
-

Поради ерупцијата на Етна затворен аеродромот во Катанија: Најдолг прекин на авиосообраќајот на Сицилија од 2002 година
-

Во вторник терестричната дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на Скопје
-

Санкционирани 72 возачи на лесни електрични возила низ државата
-

За една недела 1.576 прекршоци за брзо возење
-

Водата од водоводниот систем во Гостивар е безбедна за пиење
-

Јаневска: Квотите за упис се намалени на сите универзитети, завршува дистрибуцијата на учебниците во училиштата
