Уставниот суд го укина Законот за изменување и дополнување на Законот за помилување

Уставниот суд на денешната седница со мнозинство гласови донесе одлука за укинување на Законот за изменување и дополнување на Законот за помилување од 2009 година.
Оваа одлука, како што велат од Судот, произведува правно дејство по денот на објавувањето во „Службен весник на РМ“.
- Судот со мнозинство гласови донесе одлука за укинување на Законот за изменување и дополнување на Законот за помилување од 2009 година. Наредниот период како конечна одлука ќе биде објавена и на веб-страницата на Уставниот суд, велат од Судот.
Деталното образложение за Одлуката, како што додаваат од Судот, ќе биде достапно и за правната фела и за сите заинтересирани да ги видат уставните аргументи за укинувањето на предметниот закон од 2009 година.
Иницијативата беше поднесена од адвокатот Ристо Китевски од Скопје.
Ново на Сител
-

Семејните лекари во Македонија се уште со ограничени ингеренции
-

Помала државна партиципација за реновирани студентски домови, нови квоти за стипендии
-

Како да се надмине родовиот јаз помеѓу мажите и жените?
-

Преглед на вестите од светот
-

Премиерот Мицкоски на одбележување на 150 години од Разловечкото востание
-

Како да се надмине јазот помеѓу мажите и жените на работните места
-

Струмица ја проширува гасоводната мрежа
-

„Клепало“ по две децении конечно пред отворање
