Уставен поведе постапка за оценување на членот 11-а од дополнувањето на Законот за помилување

Уставниот суд на денешната седница поведе постапка за оценка на уставноста на членот 11-а од Законот за дополнување на Законот за помилување од 2016 година.
Овој член од Законот предвидува претседателот на Републиката да го поништи помилувањето дадено без претходна постапка за помилување во рок од 30 дена од денот на донесувањето на овој закон, при што претседателот не е должен да ја образложи одлуката.
Лицето за кое е донесена одлука за помилување има право до претседателот на Републиката да поднесе барање за поништување на одлуката за негово помилување. Претседателот на Републиката е должен во рок од 30 дена од денот на поднесувањето на барањето, да ја поништи донесената одлука.
Судот смета дека со Законот за дополнување на Законот за помилување се утврдува законски основ по кој даденото помилување може да се поништи, меѓутоа ваквото законско уредување излегува надвор од дадените надлежности на претседателот во членот 84 од Уставот и истото основано може да се доведе под сомнение по однос на членот 8, став 1, алинеа 3 од Уставот, бидејќи се повредува принципот на владеење на правото и правната сигурност на граѓаните.
-Ваквото дополнување на Законот за помилување со кое се дава можност претседателот да го поништи веќе даденото помилување доведува до нееднаков третман до субјектите. Имено и претседателот согласно Уставот има право само да дава помилување, но не и да поништува, што значи дека Уставот не предвидува можност за повлекување на претходно даденото помилување, велат од Уставен суд.
Оттаму посочуваат дека во повеќе држави членки на Европската Унија од кои беше побарано мислење од добиениот материјал е констатирано дека во нивните законодавстава не постои можност за повлекување на даденото помилување.
– Имено одлуката за помилување што ја донесува претседателот e sui generis акт, кој ниту е административен акт што би се оспорувал пред Управните судови, ниту пак нормативен акт што би можел да се оспорува пред Уставниот суд, посочуваат од Судот.
Оттука имајќи ја предвид направената анализа, како и меѓународната пракса, Судот смета дека со воведувањето на можноста за поништување на даденото помилување во оспорениот Закон основано со истото се доведува во прашање неговата согласност со принципот на владеење на правото и правната сигурност на граѓаните на Република Македонија предвиден од член 8, став 1, алинеа 3 од Уставот.
Уставниот суд на денешната седница не поведе постапка за оценување на уставноста на одредби од Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, за одредби од Законот за аудио и аудио и визуелни медиумски услуги и за одредби од Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа.
Ново на Сител
-

МВР: Не отворајте лажни пораки за наводни сообраќајни прекршоци
-

Проблемот со транспортерите најверојатно ќе се реши преку издавање годишни визи со повеќекратен влез и излез од Шенген зоната
-

Нова измама: Лажни СМС пораки за сообраќајни прекршоци испратени до граѓани
-

Шест случаи на семејно насилство за едно деноноќие
-

Мицкоски: Не го познавам лично Савевски, но би можел да биде одличен државен јавен обвинител
-

Љутков: Целосно се неточни и неосновани тврдењата за злоупотреба на службената положба, никој од вработените во културата не е обесправен
-

Тело на жена извлечено од Вардар кај мостот до Градскиот стадион
-

Судскиот совет утврди сериозни сомнежи за нестручно и несовесно постапување на судии од Апелациониот суд Скопје
