Уставен одлучи во корист на штедачите од Еуростандард банка
Сите штедачи да имаат еднаков третман пред законот. Уставен суд го укина законското решение според кое целосно обештетување во случај на стечај на банка добиваат само штедачите чии влогови се осигурани во Фондот за осигурување депозити односно имаат депозити до 30.000 евра.
„Уставниот суд на Република Северна Македонија, по одржаната XIV-та седница, ја известува јавноста дека расправајќи по точките од дневниот ред одлучи да го укине член 163 став 3 од Законот за банките “, соопшти кусо Уставниот суд.
Ставот 3 од членот 163 од делот на Законот за банки кој се однесува на стечајна постапка гласи: „Побарувањата на Фондот за осигурување на депозити по основ на исплати на осигурени депозити се исплаќаат пред побарувањата на останатите доверители“. Ова значеше дека Фондот за осигурување на депозити ги покрива само физичките лица кои имаат депозити до 30.000 евра, а правните лица и физичките лица кои имаат над 30.000 евра пријавуваат побарувања од стечајната маса.
Одлуката на Уставниот суд доаѓа по иницијатива на оштетените штедачи од ЕУРОСТАНДАРД банка кои имаа влогови над 30.000 евра и за чие обшеттеување се чека стечајната постапка.
Еуростандард ланка престана со работа лани во август откако НБРМ и ја одзеде дозволата за работа. Фондот за осигурување депозити веднаш потоа ги исплти штедачите до 30.000 евра.
-

Наташа Хаџиспиркоска Стефанова
Сите содржини од овој новинар
