Уставен ги стопираше етничките графи, Лога најави дека ќе ги врати
Нема да има графа националност во изводите на родени – Уставниот суд донесе времена мерка за стопирање на одлуката на министерот за правда Кренар Лога.
Уставните судии сметаат дека Лога Упатството за Изводите не го објавил во Службен весник во соодветен рок. Додека не биде донесена конечна одлука од Судот велат дека не треба да се издаваат изводи со етничка определба.
Но, министерот за нова идеја. Вели Судот имал право за рокот, но тој до конечната Одлука веќе ќе донесе ново упатство за Изводите од матичната евиденција заедно со графа за етничка.
Со тоа времената мерка на Судот ќе станела беспредметна, а Изводите и понатаму може да се издаваат како и досега, вели Лога.
Тој и понатаму стои на ставот дека графата за етничка определба во Изводите е законска.
Министерот оди и чекор понатаму. Утврдил дека речиси сите подзаконски акти од Владата и министерствата не биле објавувани во соодветен рок. Само во последните неколку месеци пронашол над 50-тина вакви акти.
Иако не гледа причина зошто Уставниот суд не постапил по службена должност и за останатите подзаконски акти со промашен рок на објавување, тој не сакаше да коментира кои биле мотивите уставните судии за работа да го земат токму неговото Упатство.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар