Устамитова: Минималната пензија ја зголемивме за 46 отсто, во септември следно покачување на пензиите

Владата предводена од СДСМ во континуитет на дело покажува вистинска грижа за пензионерите.
Преку новата методологија за усогласување на пензиите, обезбедивме системско решение за постојан раст на пензиите, двапати годишно.
Преку таквата методологија за време на перидот од јануари 2022 година до септември 2023 година, пензиите ќе пораснат за 24 отсто.
По рекордното зголемување во март оваа година од 8,4 отсто, веќе од следниот месец пензиите ќе пораснат за околу 6 отсто.
Преку одговорен инклузивен пристап успеавме од 2017 година до сега минималната пензија да ја зголемиме за 46 отсто.
Надоместок до пензија, а потоа и пензија обезбедивме и за стечајните работници, а за оние лице кои не ги исполнуваа условите за стекнување пензија, обезбедивме социјална пензија во висина од 6000 денари.
Во време на најголема светка економска и енергетска криза, за сите 330.000 пензионери обезбедивме дополнителна финансиска помош во период од три месеци, а за пензионери со ниски пензии обезбедивме и субвенционирање на сметките за електрична енергија.
Сето ова се показатели за вистинската грижа за нашите највозрасни сограѓани.
Ние, како одговорна партија продолжуваме со креирање и реализација на мерки што значат подобро услови за живот за пензионерите кои ја граделе оваа држава и кои заслужуваат да имаат достојна старост.
Елена Устамитова, претседателка на Комисија за труд и социјална политика
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-

ВО ЖИВО: Вонредна прес-конференција на премиерот Христијан Мицкоски
-

Ормускaтa Tеснина останува отворена за сите освен за бродови поврзани со непријателите, тврди ирански претставник
-

Владата подготвува итни мерки: Со даночна интервенција ќе се спречи нов ценовен шок на горивата
-

Зеленски: Разговорите со американските претставници ќе продолжат денеска
-

Министрите на земјите од Г7 се подготвени да дејствуваат за заштита на глобалните испораки на енергенси
-

Велика Британија соопшти дека нејзините бази на Кипар нема да се користат за воени операции против Иран
-

Словенечката влада го ограничи точењето гориво на 50 литри за физички лица и 200 литри за правни лица
-

Николоски: Изградени 70 проценти од браната Отиња, источниот дел од државата ќе го добие првото рекреативно вештачко езеро
