-->
-->
Успешна екоакција околу Беровското Езеро
-->
Во Берово денеска успешно е остварена екоакција на чистење на Беровско Езеро. Според информациите на вработените во Општина Берово, со акцијата за чистење беше опфатен патот што води во Детското одморалиште и комплексот „Аурора“ и пешачката патека популарна кај туристите што излегува на круната на браната.
– Голем број на граѓани и раководители на институциите го исчистија најрепрезентативниот дел на беровската природа, со која се гоордеме пред сите посетители и туристи. Во акцијата се вклучи и Јавното претпријатие за комунални услуги „Услуга“, овозможувајќи луѓе и ресурси за преземање на собраниот смет, истакнаа од Општината.
Во рамки на акцијата свој придонес даде и градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски, кој изрази надеж дека таа ќе прерасне во традиционална.
-Се надеваме дека ваквите акции ќе станат традиција, со цел зголемување на свеста за зачувување на животната средина, бидејќи чистата и незагадена животна средина директно влијае на квалитетот на животот на сите нас, рече Пекевски.
Беровскиот градоначалник вели дека се надева оти свеста на граѓаните ќе проработи и во иднина се повеќе ќе се внимава на зачувувањето на чистата животна средина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пехчево против дата центри
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Бугарија
-

Голем пожар во околината на Градско – Сите сили фокусирани на ова жариште
-

Вистински пустош направи силното невреме во Прилеп и Долнени
-

Голем пожар во околината на Градско – Сите сили фокусирани на ова жариште
-

Прв случај со западнонилска треска во Kумановско
-

Владата одлучи: Од денеска до 30 септември, училишниот прибор ќе се продава за 15% поевтино
-

200 паралелки помалку во основно, 100 во средно – Јаневска најави и затворање на 26 рурални училишта

