Македонија
29. September 2020 - 12:24

Условна казна за Миле Јанакиески

Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески доби условна казна од едн година затвор за случајот "Насилство во Центар" а ќе се реализира ако го повтори делото. 

Екс премиерот кој е во бегство заработи затворска казна во траење од една година и 6 месеци. 

Останатите петмина обвинети се осудени на условни казни во траење од 6 до 9 месеци. 

Во самата завршница на судењето кое почна во 2016 година, обвинителство го измени обвинението со што ја ослободи од одговорност поранешната пратеничка Даниела Рангелова и уште двајца обвинети кои претходно се товареа за насилство.

За протестите пред општина Центар во 2013 беа обвинети 10-тина лица, дел признаа вина, дел ги ослободи обвинителството.

Одговараа за поттикнување и насилство за протестите кои се организираа против уривањето на црквата Св. Константин и Елена во Центар.

 

Зоран Јаневски