УСЈЕ донира 50.000 евра за набавка на медицинска опрема

Цементарница УСЈЕ АД соопшти дека донира 50.000 евра за набавка на медицинска опрема за Министерството за здравство.
– Со средствата ќе биде набавена медицинска опрема која по консултација со стручните тимови од Министерството во моментов е најнеопходна во активностите поврзани со справувањето со вирусот Ковид 19. Како општествено одговорна компанија во овие деликатни времиња УСЈЕ понуди помош преку донација да се набави опрема која на медицинскиот персонал ќе му овозможи непречено и безбедно да работи и да ги извршува своите задачи во услови на пандемија, бидејќи јавното здравје е наша заедничка одговорност, се наведува во соопштението на УСЈЕ.
Скопската Цементраница наведува дека имајќи ја предвид сериозноста на ситуацијата во која се наоѓа општеството, ја понудила помошта пред релевантните институции со кои е во постојана комуникација, бидејќи повеќе од јасно е дека од исклучителна важност е сите да се вклучат и да дадат поддшка и помош во оној дел во кој надлежните институции сметаат дека во моментове најпотребно.
– Во рамките на компанијата, УСЈЕ ги презема сите потребни мерки за заштита од натамошно ширење на Ковид-19, а во целост ги имплементира и сите досегашни мерки што ги донесе Владата. И во следниот период остануваме конструктивен партнер на заедницата во напорите за ограничување на пандемијата и намалување на несаканите последиципо здравјето на луѓето, додава УСЕЈ АД во соопштението.
Ново на Сител
-

Истрага за убиство при семејно насилство во Битола
-

Убедлива победа за македонските ракометари на гостувањето кај Словачка
-

Поранешен директор на ЦИА предупредува дека војната со Иран може да трае со месеци
-

Рубио: Не е променета политиката на САД кон Тајван
-

Хрватска доби заем од ЕУ во вредност од 1,7 милијарди евра наменет за модернизација на одбраната
-

Во Белград уапсен возач осомничен за обид за убиство при пробивање студентска блокада
-

Меѓаши: Ниту едно дете не смее да чека инцидент за да биде заштитено, над 8.000 ученици дел од активности за побезбедни училишта
-

Путин набрзо ќе ја посети Кина
