-->
-->
Уште шест месеци санкции за Русија од ЕУ
-->

Европската унија денеска ги продолжи санкциите против Русија за уште шест месеци.
Санкциите, кои се однесуваат на забраната за патување и замрзнување на имотот на околу 150 поединци и 38 компании, ќе бидат продолжени до 15 септември, соопшти Европскиот совет.
- Проценката на ситуацијата не ја оправда измената на режимот на санкциите, се наведува во соопштението на Советот.
Поединците кои се на удар на санкциите се обвинети „за акции кои го поткопуваат или загрозуваат територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина, се истакнува во соопштението на Европскиот совет.
ЕУ воведе санкции за Русија пред три години откако жителите на Крим гласаа на референдумот за спојување на тој полуостров со Руската Федерација.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Втори во Европа по ниво на загаденост: Граѓаните „бегаат“ на Водно и бараат сонце
-

СДСМ бара вонредна седница и итни мерки
-

Откажани 20 летови на скопскиот аеродром поради густа магла, расчистување и снег од вторник
-

Дали новата варијанта на грип што се шири во Европа ќе ги загрози и граѓаните во Македонија?
-

Експерти: Барањата на Ахмети се надвор од Рамковниот договор, смените во опозицијата се козметички
-

Тивкиот повик за припадност: Како плакати и QR-кодови стануваат „јадица“ за радикализација
-

Патот до Галичица затворен
-

Крушево ја започна празничната бајка која што ќе трае од викендов па се до Бадник
