Македонија
29. July 2015 - 16:53

Уште неколку дена за пријавување научни трудови

150 ијади евра државни пари  за објава на научен труд во меѓународни списанија. И оваа година 300 научници се стимулираат со по 500 евра доколку своите истражувања ги публикиваат во врвно списание со ИМПАКТ фактор. Рокот за аплицирање истекува во нареднитете неколку денови а пари ќе добие секој поквалитетен труд кој ги задоволува критериумите и стандардите а е објавен минатата година.  За три години од спорведување на мерката 600 автори го искористиле субвенционирањето.

- Генерално, и во рамки на општествените но, на мое засоволство, и кај техничките и природните науки, се голем број трудови. Можам да ги истакнам природните науки како водечки во научно-истражувачките проекти кои се реализираат и трудвите кои се објавуваат во списанија со импакт-фактор,

Објавувањето на трудот е бесплатно и ова е само една мерка како да се стимулира академската фела и да напредува во научно-истражувачката дејност. Од осамостојувањето до    2011-тата  нашите професори објавиле 3500 студии во меѓународни научни списанија.