Македонија
11. May 2018 - 13:55

Уште едно самоубиство ја потресе Македонија: Се обеси штипјанец (40)

Вчера во 11,00 часот на патот за село Љуботен, штипско, самоубиство со бесење извршил Д.М.(40) од село Лакавица, штипско.

Извршен е увид на местото на настанот.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Клиничка болница Штип.

Ова е второ самоубиство за 4 дена во Македонија. На 7 мај во 05.25 часот е пријавено дека од терасата од 11 кат од зграда во Скопје скокна лицето Т.Ј (36) од Скопје.