-->
-->
Уште едно дете на мигранти загина во водите на Егејско Море
-->

Грчката крајбрежна стража презела спасувачка операција во реон југоисточно од островот Иос во Егејско Море во потрага по дете на мигранти, информира весникот њуз.ин.
Грчките власти биле информирани од турската крајбрежна стража дека малото дете, заедно со други мигранти, паднало во морето при превртување на нивниот чамец.
Во турски територијални води било пронајдено телото на еден мигрант и биле спасени 43 лица. Турците сметаат дека детето веројатно е мртво. Тие ги информирале грчките пристанишни власти, откако морските струи го однеле кон Грција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

“Клексан” и три други антикоагуланти од 1 јули се на позитивната листа и достапни во аптеките
-

По 25 години - нов етички кодекс за новинарите
-

Нов етички кодекс за пратениците - ќе се стави ли крај на навредите во Собранието?
-

Нов доказ во случајот со оддавање службена тајна
-

Преговори за Изборниот законик
-

Нови лекови на позитивната листа
-

Почна пријавувањето на штетите од пожарот во Пробиштипско
-

Производителите на пченица бараат да запре увозот
