Уште едно дете извлечено живо од урнатините, по земјотресот на италијанскиот остров Искија
Спасувачките екипи успеаја да извлечат живо, од урнатините, уште едно дете кое од синоќа беше затрупано под остатоците од семејната куќа на италијанскиот остров Искија, погоден од силен земјотрес.
Малечкото дете е едно од тројцата браќа кои успеаја да го преживеат потресот и во различни временски интервали да бидат извлечени од под урнатините, повредени, но живи и надвор од животна опасност.
Акцијата за спасување на малечките Чиро, Матијас и Пасквале, предизвика голем медиумски интерес во италијанска и европската јавност.
Во земјотресот засега е потврдена смртта на две лица и двете жени кои биле погодени од делови од куќите што паѓале врз улицитедодека бегале во засолниште.
Од потресот повредени се околу 40 други лица.
Потресот беше почувствуван синоќа во 20,57 часот, по средноевропско време, со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот бил на длабочина од пет километри.
Островот Искија, каде постојано живеат околу 50 илјади жители, е сместен наспроти Неапол. Важи за популарна туристичка дестинација, но засега нема сознанија дека има повредени туристи.
Во моментот на земјотресот, најголемиот број жители на островот биле надвор од своите домови, по кафулињата и рестораните, поради убавото и топло време.
Римскиот весник „Ил Месаџеро“ пишува дека потресот направил голема штета на малечкиот остров и дека над 1.500 негови жители останале без покрив над главите.
Ново на Сител
-
Протест на Кулакови против пресудата на Обвинителството
-
Дали правото секогаш носи правда
-
Независните советници во општинските совети поднесоа амандмани на Законот за измена на локална самоуправа
-
Советот во Кочани не ги прифати договорите со Струмица и Карпош
-
Кулакови организираа протест по пресудата за смртта на Фросина
-
Тема на денот со Јасна Бачовска Недиќ, професорка на Правниот факултет
-
Врховен ја укина казната од 3 год. и 10 месеци затвор за Васил, апелација не го викнал на судењето
-
Имаат ли соодветен рехабилитациски третман сите повредени од трагедијата во Кочани?