Свет
2. April 2019 - 10:06

Уште една жена го обвини Џо Бајден за непримерно однесување

Ејми Лапос (43) го обвини поранешниот потпретседател на САД Џо Бајден за непримерно однесување, откако вчера истото го стори уште една жена.

Лапос тврди дека Бајден го допирал нејзиното лице со двете раце и го триел носот од нејзиниот нос пред 10 години, јави Би-Би-Си. Лапос, која е поранешна помошничка на Бајден вели дека тој „непримерно ја допирал“ за време на една хуманитарна вечера во куќа во Хартфорд во 2009 година.

– Несакано внимание не е во ред. Објективизацијата на жената не е во ред, изјави таа, барајќи Бајден да не се кандидира за претседател на САД.

Вчера со слични обвинувања излезе и Луси Флорес, чија кампања во Невада беше поддржана од Бајден. Таа тврди дека дека тој ја бакнал во теме на еден предизборен собир во 2014 година.

– Никогаш не сум искусила нешто толку, очигледно, непримерно, истакна Флорес.

Од своја страна, Бајден рече дека во текот на годините покажувал „изразување наклоност“ кон луѓе, дополнувајќи дека ниту еднаш не помислил дека постапувал непримерно.

– Ако се сугерира дека тоа сум го сторил, ќе слушам со почит, изјави поранешниот потпретседател.

Бајден, кој осум години беше потпретседател на САД во администрацијата на Барак Обама и речиси четири децении во Сенатот, се смета за можен фаворит во трката за номинација за претседателски кандидат на Демократската партија, иако сè уште не ја објавил својата кандидатура.