Македонија
17. April 2016 - 13:04

Уште една трагедија: Неготинчанец почина во бизарна несреќа

Трагедија ја потресе Македонија. Вчера во 10 часот и 30 минути во селото Вешје-неготинско, 54-годишниот Ѓорѓи М. кој со својата сопруга се спремал за извршување на земјоделски работи, во еден момент застанал до својот трактор и кога се обидел да го стартува, тој почнал да се движи, а истиот обидувајќи се да се качи на тракторот паднал, по што бил прегазен.

Увид извршила екипа на полицијата.

За жал, итната помош не можела да направи ништо освен да констатира смрт.

Телото на починатиот било предадено на фамилијата за погреб.