-->
-->
Уште една трагедија ја потресе Македонија, тело на давеник пронајдено во канал
-->
Вработени во Водостопанство „Брегалница“ - Кочани, вршејки увид на теренот за состојбата со испорачаната вода во полињата, изутринава забележале труп на удавен човек закачен на решетките од каналот кај село Жиганци.
Од Водостопанство „Брегалница“ информираат дека за случаот веднаш е известена Полициската станица од Кочани и се очекува во текот на претпладнево телото да биде изваден од водите на каналот.
Според нив, ова не е прв случај на пронаоѓање тела на удавени во десниот магистрален канал од Хидросистемот Брегалница кај селото Жиганци на металната ограда.
Се очекува во текот на денешниот ден да биде идентификувано удавеното лице, а на местото на настанот да излезе и истражен судија и увидна екипа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
М. Брод останува една од најеколошките општини - повторно целосно возобновена пречистителната станица
-
Доцнат дрвата за огрев за штипските пензионери
-
Минималната дневница во земјавата колку 1,5 час работа во Германија
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Брз електронски попис и една изборна единица
-
Муцунски: Софија е влезена во многу опасен наратив
-
Taблички во боја за службените возила