Свет
23. February 2017 - 18:16

Уште една анкета најавува заминување на Меркел во опозиција

Нова анкета спроведена во Германија покажува дека блокот сестрински централно десничарски партии предводени од канцеларката Меркел (ЦДУ/ЦСУ) би била втора најсилна партија доколку сега би се одржале избори и би ја загубила битката со Социјалдемократите (СПД) за формирање влада .

Како што јавува дописникот на МИА од Берлин, според истражувањето на јавното мислење на агенцијата „Инфратест Димап“ спроведено од 20 до 22 февруари во водство е СПД со 32 проценти, додека блокот ЦДУ/ЦСУ има рејтинг од 31 отсто.

Промената на рејтингот на водечките политички партии се должи пред се на номинирањето на екс претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц за канддидат за канцелар на изборите што ќе се одржат на 24 септември.

Според анкетата, крајните десничари од Алтернатива за Германија имаат 11 отсто доверба кај гласачите, додека рејтингот на „Зелените“ и „Левицата“ е 8 односно 7 проценти. Според овие резултати на левичарскиот блок во Германија му недостасуваат само уште 3 -4  отсто поддршка за да може да формира влада без учество на ЦДУ/ЦСУ на Меркел. Во неколкуте предходно објавени анкети во последниве десетина дена резултатите покажуваа од слични бројки како од денешната анкета се до предност од 4 проценти за блокот предводен од Меркел.