Уште еден Србин обвинет за воени злосторства во Косово
Специјалното обвинителство на Косово поднесе обвинение против осомничен за воени злосторства врз цивилното население за време на војната во Косово во 1998-1999 година, јави дописникот на МИА од Приштина.
Обвинителството го обвинува осомничениот М.П., кој има двојно српско и косовско државјанство, за учество во убиството на тројца цивили во населба во Призрен во 1998 година.
– Осомничениот е обвинет дека учествувал во убиството на жртвите Решат Дачај, Бинак Дачај и Фатмир Бојаџиу за време на војната во Косово, во периодот околу 1 септември 1998 година, во околината на населбата „Хоќа Махала“ во Призрен“, се наведува во соопштението објавено синоќа.
Обвинителството го товари М.П. за кривично дело „воено злосторство врз цивилно население“, санкционирано со член 142 во врска со член 22 од Кривичниот закон на СФР Југославија, кој бил на сила во тоа време.
Осомничениот, кој е уапсен во септември минатата година, ќе остане во притвор до нова одлука на судот, се наведува во соопштението.
Специјалното обвинителство на Косово во декември минатата година соопшти дека поднело вкупно 33 обвиненија, во кои се инволвирани 89 лица, за воени злосторства во Косово во 1998-99 година, пишува Радио Слободна Европа.
Од крајот на последната војна во Косово, околу 70 лица се осудени за воени злосторства пред локалните и меѓународните судски институции.
Од 2000 до 2008 година, воените злосторства во Косово ги истражуваше Мисијата на Обединетите нации на Косово (УНМИК), додека од 2008 година, Мисијата на Европската Унија за владеење на правото (ЕУЛЕКС).
Во 2018 година оваа мисија ги достави предметите до Косовското обвинителство и до локалните судови.
За време на последната војна во Косово во 1998-99 година, беа убиени над 13.000 цивили, а илјадници други исчезнаа.
Над 1.600 лица се уште се водат како исчезнати – повеќето Албанци, наведува РСЕ.
Ново на Сител
-
Преку лажен мејл наводно од ФЗО на граѓани им ветувале исплата на пари ако кликнат на одреден линк
-
Исус покренат со вештачка интелигенција во црква во Швајцарија
-
Комплетиран новиот состав на Комисијата за помилување
-
Тепачка помеѓу пратениците од власта и опозицијата во српското Собрание | ВИДЕО
-
Ана де Армас во врска со посинокот на контроверзниот претседател на Куба
-
Кривична против поранешниот министер за култура Хусни Исмаили за штета на Буџетот од 31 милиони денари
-
Донација од шест електрични автобуси на ЈСП утре и купување на уште 120 за јавниот транспорт по општините
-
Ангела Меркел: Ако Украина пристапеше во НАТО во 2008, војната ќе започнеше порано