Уште еден случај на опожарено возило - овој пат во Ѓорче Петров
На улица „Струмјани“ во Општина Ѓорче Петров било опожарено патничко возило „тојота рав 4“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.П. од Скопје. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.
Како што информира МВР, случајот бил пријавен ноќеска во 4:00 часот во СВР Скопје. Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот.
МВР информираше дека и вчера во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Петар Ацев“ на подрачјето на општина Аеродром настанал пожар во патничко возило „цитроен ц1“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на В.С. од Скопје. Од пожарот било зафатено и патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на И.Д.(45) од Скопје.
Повредени лица немало, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита. Увид бил извршен.
Ново на Сител
-
Галевски: Овој тим на Алкалоид е составен да победува, нашите амбиции се највисоки
-
Канадски министер: Трамп и Карни ќе разговараат наредните денови за царините
-
Утре терестрично прскање против комарци на подрачјето на градот Скопје
-
Зеленски: Разговаравме за подготовки за нов состанок со Русија во Истанбул
-
Македонка повредена во сообраќајка на Алјаска откако со автомобил удриле во лос
-
ЦУК: Во пожарот кај тетовско Желино ангажирани два „ер трактори“
-
Две лица во Струга предизвикале пожар на градската депонија
-
Починат 55-годишен скопјанец однесен во ГОБ „8 Септември“, телото на обдукција