Фудбал
14. November 2024 - 8:54

Уште еден скандал го тресе англискиот фудбал - Судија од Премиер лигата фатен како шмрка кокаин | ВИДЕО

Англискиот фудбал се повеќе го тресат скандали.

Таблоидот Сан објави ексклузивна снимка на која што судијата Дејвид Кут шмрка кокаин во хотелска соба за време на Европското првенство.

Наводно видеото е снимено во хотелска соба која била букирана од УЕФА и било направено по четвртфиналниот натпреварот помеѓу Шпанија и Германија, дуел на кој Дејвид Кут беше дел од ВАР собата.

Ова е втор скандал поврзан со овој судија, откако најпрво се појави снимка, аудио, во која тој јавно зборува против тимот на Ливерпул и сега веќе екс тренерот Јирген Клоп.