Македонија
26. November 2016 - 19:35

Уште еден штаб на ВМРО-ДПМНЕ синоќа е искршен во Кавадарци

Повторно демолиран штаб на ВМРО-ДПМНЕ. Непознати лица синоќа ги искршиле стаклата на штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци. Ова не е прв пат мета да бидат штабовите на владејачката партија. Претходно беа искршени 2 штаба на ВМРО-ДПМНЕ во Неготино.
 
И најголемата опозициска партија не остана имуна на оваа појава. Штабот на СДСМ во Арачиново беше исто така демолиран од страна на непознати лица. Од МВР досега немаат расветлено ниеден инцидент.
 
За наведените случаи се превземаат мерки за расчистување на истите и по целосното расчистување и документирање на настаните ќе следат соодветни пријави кон сторителите.
 
За коментар во врска со ова прашањесе обративме до СДСМ но од таму не добивме никаков одговор.
 
Мисијата на ОБСЕ ОДИХР не работи за викенд за да одговори на прашањето што преземаат да се спречи предизборното насилство, а одговор не добивме ниту од Државната изборна комисија