Македонија
28. September 2020 - 16:38

Уште еден позитивен случај на Ковид-19 во градинка во Битола

Уште еден позитивен случај на Ковид 19 во градинката „Коца Василева“ во Битола, откако пред повеќе од две недели беше регистриран првиот случај. Овојпат позитивна е воспитувачка која се наоѓа моментално во добра здравствена состојба, додека во домашна изолација и под здравствен надзор се ставени 13 дечиња како и негувателката од истата група. Но, од градинката потенцираат дека овој случај е независен и неповрзан со претходниот.

-Имаме позитивна воспитувачка која кога сопругот нејзин добил сознание дека бил во контакт со поизитивен случај, таа од четвртокот вечерта е во изолација, од петокот не доаѓа на работа. Се тестираше во саботата, заедно со сопругот се позитивни и преземени се сите мерки по протокол. Ставени се во домашна изолација како предострожност затоа што нема опасност затоа што воспитувачката строго ги почитува протоколите, изјави СНЕЖАНА ТОДОРОВСКА, ДИРЕКТОР НА ЈОУДГ „МАЈСКИ ЦВЕТ“ – БИТОЛА.

Директорката истакна дека веднаш биле известени родителите. Во текот на денешниот ден во оваа градинка имало 64 деца, која може согласно протоколите да згрижи вкупно 100.

-Ќе видиме што ќе се случува под надзор на Комисијата, контактиораме со родителите, имаме поддршка, тие се доста совесни, дека вакви случаеви ќе ги имаме, се надевам ќе ги немаме. Во моментот по протокол треба 420 деца, денес се присутно 55%, 236 денес, изјави Тодоровска.

Тодоровска потенцира дека од први октомври очекуваат бројот на деца да се зголеми затоа што тогаш ги очекуваат децата на просветните работници. Исто така во градинката ќе биде направена и вонредна дезинфекција. Бидејќи ова е втор случај во иста градинка и неповрзан, директорката вели дека од нивното искуство најбитно е да се почитуваат протоколите, но и брзата реакција и информирање на надлежните служби. Во првиот случај, негувателката беше од познат кластер, а заради контакт со неа под здравствен надзор и домашна изолација беа ставени пет деца, три негувателки и две воспитувачки. Во меѓувреме вработените продолжија со работа, а децата си доаѓаат во градинката.