Уште еден мигрант убиен во Белград
Еден мигрант е убиен со нож во тепачка на повеќе мигранти, што се случи кај Прифатниот центар во белградската населба Крњача.
Како што јави агенцијата Танјуг, според Брзата помош, мигрантот, чиј идентитет не е познат, е убиен со 24 убоди од нож.
Брзата помош можела да констатира само смрт кај момчето. Во последните два дена ова е второ убиство меѓу мигрантите.
Мигрант од Авганистан беше убиен во средата околу 21 часот во центарот на Белград.
Постои сомневање дека на убиството му претходела тепачка меѓу мигранти, по што мигрантот К.К. (21) е убиен со нож во градите.
Полицијата во Белград уапси 17-годишен државјанин на Авганистан, кој е осомничен дека пред еден угостителски објект во центарот на Белград, со уште еден врсник од Авганистан, со нож го прободел К.К., кој починал на местото на настанот.На сослушувањето тој го негирал обвинението. Полицијата и натаму трага по другиот осомничен, кој е идентификуван.
Ново на Сител
-
173 санкции за брзо возење
-
Силјановска Давкова ќе се сретне со со евроамбасадорот Гир и италијанскиот амбасадор Силвестри
-
ЦУК: Забрана за движење кај стрелиштето „Леково“, пожари во Кавадарци и Велес
-
Путин во посета на Кина на 16 и 17 мај
-
Синдикатот на просветни работници во Србија в четврток ја прекинува работата во сите училиштата поради загрозена безбедност
-
Герапетритис: Бараме усогласување со Договорот од Преспа, не е прашање на самоопределување, туку почитување на договореното
-
Неексплодирана рачна бомба пронајдена на улица во Демир Капија
-
Четиринаесет жртви во бомбардирањето на станбена зграда во близина на бегалскиот камп Нусејрат