-->
-->
Уште две празни места за следната сезона во Евролигата
-->
За следната сезона во кошаркарската Евролига остануваат уште две празни места.
Досега познати се 14 од 16 тимови кои ќе учествуваат во новата сезона, во која титулата ќе ја брани тимот на Фенербахче.
14-тиот учесник во екипата на Уникс Казан, која со влезот во финалето на ВТБ лигата си обезбеди и место во Евролигата.
15-тиот учесник ќе биде од Германија, а најсериозни тимови се Бамберг и Улм, кои се пред пласман во финалето.
Еден тим ќе добие и специјална покана, а тоа се очекува да биде Галатасарај или Дарушафака, а интересно е што велесила како што е Франција, наредната сезона нема да има свој претставник во најсилното кошаркарско натпреварување на стариот континент.
СПИСОК НА УЧЕСНИЦИ ВО ЕВРОЛИГАТА:
Шпанија: Реал Мадрид, Барселона, Басконија и Уникаха
Грција: Панатинаикос и Олимпијакос
Русија: ЦСКА Москва и Уникс Казан
Турција: Анадолу Ефес, Фенербахче Улкер,
Израел: Макаби Тел Авив
Литванија: Жалгирис
Италија: Емпорио Армани Милано
Србија: Црвена Звезда
Германија: ?
Вајлд Карта: ?
Веќе е одреден и домаќинот на завршниот фајнал-фор туирнир,.а тоа ќе биде белградската „Комбанк Арена“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Карневалска ноќ во Струмица
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска-Кочоска, министерка за финансии
-
Музичката академија доби концертен клавир од бизнисменот Кочо Анѓушев
-
По кавгата во овалната соба, Трамп и Зеленски си испратија пораки
-
Анализа: Зеленски ќе се врати во Вашингтон, Македонија заседе добра позиција
-
ОЈО: Итно постапување за тешки прекршоци и кривични дела во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали се отвара пат Андов да избега?
-
9 години се бара правда за убиството на Димитар