Уште две локации со бесплатен Интернет во Охрид

Согласно Годишната програма на Секторот за туризам и локален економски развој на Општина Охрид, поставена е опрема и пуштен е во употреба „Hot Spot“ односно бесплатно поврзување на Интернет на уште две нови локации во градот, поточно пред црквата „Света Софија“ и на Кеј „Македонија“ во Охрид.
Минатата година такви места со бесплатна конекција на Интернет беа поставени на плоштадите „Св. Климент Охридски“ и „Крушевска Република“, како и кај локалитетот „Плаошник“.
Според соопштението од Општина Охрид, на тој начин посетителите, туристите и сите гости во градот ќе имаат можност бесплатно да користат „Wi-Fi“ поврзувањето со цел да им се овозможи добивање информации за туристичка понуда, календар на настани, манифестации, новости и услуги на градот.
Од Секторот за туризам и локален економски развој изразуваат благодарност до Н.У. „Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Охрид“, како и МПЦ- Охридска архиепископија за соработката околу поставувањето на интернет опремата.
Ново на Сител
-

Николоски: Македонскиот авиосообраќај руши рекорди, оваа година ќе сме блиску до четири милиони патници
-

Николоски: За три дена Градскиот воз превезе околу 1.500 патници, интересот е голем и очекуваме да надмине бројка од преку 100 илјади патници
-

ЦУК: До 18 часот 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни
-

Осма жртва од западнонилска треска
-

Лавров: Обвинувањата за инцидентот во Лајпциг се „почеток на вистинска војна“
-

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Киев на разговори за прекин на војната
-

19-годишна девојка го пријавила поранешниот партнер, ја нападнал во нејзиниот дом и ѝ одзел пари
-

70-годишник измамен за 720.000 денари, маж му барал пари за наводно лекување на својот син во странство
