Уште две лица во Гостивар позитивни на КОВИД-19
Брачен пар од гостиварското село Горна Бањица на тестирањето на КОВИД-19 се покажале како позитивни. За последниве три денови ова е трет случај со што вкупната бројка на регистрирани во гостиварската општина изнесува шест.
Утрово во информацијата испратена до градоначалникот на општината од здравствените власти наведено е дека, двајца жители Горна Бањица имаат позитивен тест на корона вирусот, а жената била згрижена со сериозна клиничка состојба. Досега во гостиварскито центар за јавно здравје се направени 203 тестови.
До неделата, по 12 денови од последниот во селото Чајле, беше регистриран нов, па така во Горна Бањица станува потенцијално жариште со три лица кај кои е откриено присуство на вирусот.
За две лица кои изминативе денови беше утврдено дека се инсфицирани со коронавирусот се чекаат вторите контролни брисеви и за да бидат прогласени за закрепанти.
Во соседната општина Врапчиште регистрирани се четири случаи, а едно лице од селото Градец почина од последиците.
Ново на Сител
-

123 години од смртта на Гоце Делчев
-

Продолжи судењето за пожарот во „Пулс“
-

Локалната промоција клучна за повеќе туристи
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Драги Змијанац, претседател на „Меѓаши“
-

Историски успех на младиот Македон на Германската математичка олимпијада
-

32 возачи лишени од слобода за празничниот викенд
-

Македонското население старее, државата крои стратегија за зголемување на наталитетот
