Македонија
8. April 2020 - 18:26

Уште две лица од Штип оздравени од Ковид -19

Министерството за здравство информира дека денеска попладне се регистрирани уште две лица од Штип оздравени од Ковид-19, кои со лесна слика на болеста беа на домашно лекување, а под постојан надзор на лекарскиот тим од болницата во Штип.

Кај овие лица, согласно протоколот, беа направени два контролни теста и тие покажаа негативен резулат на коронавирусот, соопшти Министерството за здравство пренесувајќи информации од Институтот за јавно здравје.

Како што информираат, во моментов во болницата во Штип од ковид-19 се лекуваат четири пациенти, а Штипската болница следи уште 14 пациенти со лесна форма на болеста кои се на домашно лекување.